Глад се заканува на Судан: Хуманитарна конференција во Париз

од Симе Стоиков

Конференцијата што ја организира Франција денеска, во Париз, на годишнината од почетокот на граѓанската војна во Судан, има за цел да се изнајдат начини за воспоставување примирје, како и да се обезбеди потребната хуманитарна помош.

Францускиот претседател Емануел Макрон оваа средба ја оцени како исклучително важна.

– Во Судан последната година се води страшна војна со десетици милиони раселени луѓе, жени и деца меѓу кои владее глад. Ќе работиме на олимпиското примирје. Ќе се обидам да ангажирам многу наши партнери за таа цел. За неколку недели кинескиот претседател доаѓа во Париз и ќе го замолам да ми помогне во тоа – изјави Макрон пред попладневната средба.

Состанокот во Париз се одржува во соработка со Германија и ЕУ, во ситуација кога досега се одговори само пет отсто од хуманитарните потреби во Судан.

Ситуацијата која се заканува со глад е алармантна, во конфликтот меѓу владините Вооружени сили на Судан (ФАС) командувани од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоените сили Брзи Судан (ФСР) предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало познат по прекарот Хемети.

Конфликтните страни ја попречуваат испораката на храна и вода. Секој ден умираат луѓе во конфликти, а загинаа и педесетина хуманитарни работници.

Слични содржини