Главна расправа за случајот Маѓар телеком

од Vladimir Zorba

Во Кривичниот суд за денеска е закажана главна расправа во случајот „Маѓар Телеком“, на која треба да бидат сослушани сведоците.

Обвинети се поранешните раководни лица од „Маѓар Телеком“ Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба. Тие шест години се недостапни.

Додека во Македонија овој случај е заглавен во обвинителствата и судовите, тој заврши во Окружниот суд во Њујрок, каде поранешните директори на „Маѓар Телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, ја признаа вината и платија парични казни од 250.000, односно 150.000 долари.

За потребите на Судот во САД, изјава за случајот „Маѓар Телеком“ даде и екс разузнавачот Слободан Богоевски. За таа изјава тој се соочува со тужба за клевета од лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери. Судењето е одложено за септември бидејќи проблем за Судот е тоа што не може да се утврди надлежноста на предметот бидејќи екс-разузнавачот исказот го дал за потребите на друг суд.

Лидерот на ДУИ, од Богоевски бара три милиони денари, додека Муса Џафери 2,5 милиони денари./NovaTv.

Слични содржини