Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд: Украина е „место на злосторство“

од Nikola Popovski

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Хан, кој го посети украинскиот град Буча, изјави дека Украина е „место на злосторство“.

„Тука сме затоа што имаме разумни основи да веруваме дека злосторствата се извршени во јурисдикција на овој суд“, изјави тој за новинарите, пренесува Би-Би-Си.

„Мораме да ја разоткриеме маглата на војната за да дојдеме до вистината. За тоа е потребна независна, непристрасна истрага“, рече Хан.

Тој додаде дека форензичкиот тим на Меѓународниот кривичен суд треба да почне со работа во Буча.

Според Украинците, Буча бил местото на убиството на стотици цивили, за што Киев ги обвини руските сили кои го држеа градот неколку недели. Русија негираше каква било одговорност за тие смртни случаи.

Слични содржини