Глорија Гејнор против короната: Покажа како таа мие раце на своја песна (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Заштитата од коронавирусот значи и дека треба редовно да ги миете рацете, а за да бидете сигурни дека тоа сте го направиле правилно, најдобро е да си пеете некој рефрен додека се миете.

Откако коронавирусот зазеде размери на пандемија, популарната пејачка Глорија Гејнор започна предизвик наречен „Ќе преживеам“ (#IWillSurviveChallenge).

„Ви требаат само 20 секунди за да преживеете“, напиша таа во описот на видеото, потсетувајќи ги сите дека треба да ги мијат рацете и да внимаваат на хигиената во услови на пандемија, но и вообичаено. Притоа, го испеа рефренот на нејзиниот најголем хит „I Will Survive“.

Слични содржини