Го чувале повеќе од 850 специјалци: Се подготвувал атентат врз Александар Вучиќ?

од Nikola Popovski

Над 850 специјалци биле распоредени на отворањето на споменикот на Стефан Немања во Белград, со цел да го обезбедат српскиот претседател Александар Вучиќ, бидејќи разузнавачките податоци укажуваа на тоа дека ќе се изврши обид за атентат, изјавил шефот на Српската управа за криминалистичка полиција Богдан Пушиќ вечерва во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

Пушиќ потврдил дека безбедносните мерки биле засилени откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го отворил споменикот на Стефан Немања.

Тој рече дека разрешувањето на началникот на полициската управа во Нови Сад, Милорад Шушњиќ, нема никаква директна врска со овој случај.

Коментирајќи го апсењето на криминалната група на Вељко Беливук, Пушиќ изјавил дека за време на истрагата биле обезбедени валидни докази, а дека оружјето било скриено во просториите на стадионот на Партизан, што ги користеле навивачите, објавено е на ТВ порталот.

Вучиќ ќе претседава со седницата на Советот за национална безбедност утре, беше објавено денеска од неговиот кабинет, а тема на седницата ќе биде апсењето на криминална група предводена од Вељко Беливук.

Слични содржини