Го фатила со девојка среде интимен однос, урнебесно ВИДЕО стана вирален хит

од Stefanija Kuzmanovska

Одри Јанг од Австралија била лута и шокирана откако дознала дека личноста која ја најмила да ја чува нејзината мачка – Ахмет Озтурк, бил интимен на нејзиниот кауч со девојка.

Ахмет требало да доаѓа во станот еднаш дневно по половина час за да се грижи за мачката, но останал шест часа подолго, пренесува The Mirror.

На видеото се гледа како парот се гушка и бакнува. Одри му испратила порака и прашала што се случува, а нејзина пријателка лично отишла во станот.

Кога дознал дека се вклучени камерите за надзор, Ахмет ја избркал својата „пријателка“ и рекол дека бил понесен од моментот, пренесува „Слободна Далмација“.

„Немав намера да го направам тоа. Јас сум со жена која сака мачки, а и самата има две. Многу ми е жал, никогаш порано не сум направил такво нешто“, објаснил Ахмет.

Слични содржини