Филеас Ле Клеатор е француски уметник со мисија да го врати љубовните катанци кој спасил од познатиот париски мост Pont des Arts, на нивните сопственици, пишува Business Insider.

Во 2014 година локалните власти изјавија дека катанец се опасни и во 2015 година почнаа да ги сечат. Тие не само што го загрозуваа  пејзажот, тулу над еден милион катаннци додаваат 45 тони тежината на мостот, како резултат на што дел од оградата и му паднала

Пред да бидат отстранети сите љубовни катанци, уметникот успеал да спаси само 800, и  користел стари клучеви таму каде било можно. Тој ги објавува на социјалните мрежи со надеж да биде контактиран од страна на нивните сопственици.

Photo published for Is this Barack and Michelle Obama's long lost Paris love lock?

Is this Barack and Michelle Obama’s long lost Paris love lock?

Did Barack and Michelle Obama sneak onto the Pont des Arts during a 2009 trip to Paris and attach a love lock? A Parisian artist who found it believes so and he says all the evidence suggests it’s…

thelocal.fr

Пред неколку дена Ле Клеатор наишол на еден посебен љубовен катанец, на кој пишува “Мишел и Барак. Вечна љубов “.

Дали е лажен? Само двајца луѓе во светот можат да одговорат на ова прашање. Барак и Мишел Обама се запознаваат во 1989 година и го посетуваат Париз 20 години подоцна.Во тоа време Мишел и нејзините ќерки заминуваат за градот на љубовта на 5 јуни, петок, за да се сретне со Барак и си заминуваат три дена подоцна. Во саботата вечер поранешната претседателска двојка имала слободно време и с епрошетале подоцна во мал ресторан La Fountaine de Mars во Седмиот регион.

Од таму до Pont des Arts растојанието е околу 40 минути пешачење, но сепак станува збор за Париз, па прошетката сигурно била романтична.