421
Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја денес објави дека властите го тепаат и мачат притворениот блогер Роман Проташевиќ во затвор.
Адвокат кој ги посети Проташевиќ и неговата девојка Софија Сапега, навел за него дека е добро, но Тихановскаја пред новинарите во Талин изјави дека смета дека сигурно „го тепаат и мачат“.
Претходно, белоруските власти негираа дека го мачеле Проташевичќ, пренесува „Ројтерс“.
За потсетување, авионот на „Рајанер“, кој патуваше од Атина кон Вилнус, слета во Минск на 23 мај поради наводна пријава за бомба. По тој повод, белоруските власти ги уапсија Проташевиќ и неговата девојка Софија.