Го запрела полиција зашто возел мотор гол, но не го казниле (ФОТО)

од desk2
147 прегледи

Топлотниот бран што ја погоди Европа ги инспирира луѓето за да најдат најразлични видови разладување.


Еден бизарен случај е забележан во германската покраина Бранденбург , каде полицијата запрела средовечен маж додека води мопед само со кацига на главата и сандали на нозете.

Тој им објаснил на полицајците дека толку му било жешко, што морал да се провози гол за да се разлади.

Голиот маж успеал да ги убеди полицајците и тие не го казниле под услов да иблече барем шорц.