Година дена од исчезнувањето на Марија Брзакова: Ни трага, ни глас од младата струмичанка

од Nikola Popovski

Точно една година е исчезната Марија Брзакова (28) од селото Босилово, од која се уште нема трага или глас. Според информациите, таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови.

Истрагата за нејзиното исчезнување ја води ОЈО Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.

Од Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.

Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.

Таа подолго време е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица се уште има флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.

Слични содржини