Годишен хороскоп за ЛАВ: Многу пари и успеси, малку време за себе

од Elena Daskalova
496 прегледи

Во 2020 Лавовите ќе бидат многу зафатени и нема да можат да одморат и од приватни и од професионални обврски. Речиси и нема да имаат време за себе, а одморот ќе им остане само фантазија.

Но, ова значи и дека е можно да занемарат личности кои им се блиски.

Во дадени моменти ќе ви се чини дека нема да можете да го издржите тоа темпо и дека морате да одредите приоритети на кои ќе се посветите. Ќе се трудите подобро да се организирате, а ќе почнете од намалување на активноста на социјалните мрежи, гледањето телевизија и слични активности кои ви се чинат ситни, но ви одземаат значајно време.

Нема да бидете расположени да слушате луѓе кои постојано се жалат, а не преземаат ништо за да ги решат проблемите. Ќе се оддалечите од сите енергетски вампири кои ви ја „пијат“ енергијата и ќе сфатите дека можете без нив. Ќе поминувате повеќе време со луѓе во чие друштво чувствувате среќа и позитивна енергија.

Работа

Во текот на 2020 година многу ќе работите, но и ќе постигнете одлични резултати. Немате ни фиксно работно време, ниту па знаете за празници и викенди. Ова особено се однесува на Лавовите кои имаат сопствен бизнис. Во другите случаи, ќе ви бидат потребни барем уште еден пар раце за да можете да постигнувате резултати над очекуваното.

Студентите кои веќе почнале да работат ќе почнат да прават калкулации дали вреди да се остане на студии или пак, е подобро да се биде независен. Свесни сте колку е важно образованието, но повеќе ви одговара да имате свои пари.

Љубов

Слободните Лавови ќе имаат голем број додворувачи, но нема да се приврзат со никој од нив. Често ќе ве канат на кафе, кино или прошетка, а вие постојано измислувате изговори. Штета што голем дел нема да ја сфатат пораката за вашата незаинтересираност, па може да ви предизвикаат по малку непријатни ситуации со своето форсирање на нештата.

Кон средината на годината или ќе запознаете нова личност или ќе се зближите со некоја која веќе ја познавате, а ќе сфатите дека нејзиното друштво навистина ви годи.

Оние кои се во врска ќе бидат сомничави, особено поради озборувања од околината. Тоа ќе доведе до конфликти, а вие ќе сакате да ја дознаете реалната вистина. Ако сте во брак, ќе се зближите повеќе со брачниот сопатник, особено по тешкиот период во нивниот живот.

Пари

Во 2020 година ќе заработувате, но нема да имате време да трошите. Почнете да инвестирате во себе. Штедете пари настрана, за да не се изненадите од непредвидени трошоци во втората половина на годината.

Здравје

Во 2020 ќе имате изразени дигестивни проблеми, првично од исхраната, а потоа и од константниот стрес. Намалете го внесот на кофеин, никотин и шеќер, а наместо тоа пијте повеќе јогурт и јадете интегрални тестенини. Алкохолот целосно исфрлете го. Чувајте се и од габични инфекции, особено во пределот на ножните прсти.

Годишен хороскоп за РАК: Во 2020 ќе бидете среќни и мотивирани

Слични содржини