Годишен хороскоп за РАК: Во 2020 ќе бидете среќни и мотивирани

од Elena Daskalova

Во 2020 година Раковите ќе пробаат многу нешта кои претходно им се чинеле незамисливи. Ќе ја напуштат комфор зоната и ќе бидат горди на тоа што успеале да ги поместат своите граници кои долго време ги гушеа.

Следната година за вас ќе биде период кога ќе ги поставите конечните животни цели, а тоа ќе ви даде сила да ги надминете и оние ситуации кога ви се чини дека е најдобро да се откажете. Семејството ќе ви биде безрезервна поддршка во ваквите моменти, а тоа ќе ве мотивира уште повеќе за да бидете подобра личност.

Ќе размислувате за своите неостварени желби, ќе сакате да се надоградувате на секое можно поле, а можете да се надевате на тоа дека 2020 ќе биде една од вашите подобри години.

Работа

Ќе остварите неколку значајни соработки, но ќе мора да се откажете од нешто, за да можете да имате повеќе време. Размислувајте внимателно за своите одлуки и носете ги оние кои се во ваш најдобар интерес. Годината ќе ја завршите со заслужени остварувања. Тоа ќе ве мотивира и понатаму да бидете отворени, да не влегувате во непотребни конфликти, но и да пружите помош на оној на кој му е потребна.

Ако сте студент, можете да побарате хонорарна работа, која ќе ви донесе дополнителна заработка, а со тоа и ќе ви ја олесни финансиската ситуација.

Љубов

Новата година ќе ви ја донесе љубовната стабилниост која ви е потребна. Слободните Ракови ќе се зближат со личност која им е компатибилна во секој можен поглед. Ќе бидете во среќна врска, која иако ќе има проблеми во текот на летните месеци, многу лесно ќе ги надминете.

Раковите кои се во врска може да очекуваат повик од минатото. Тоа ќе ви ја размрда стабилноста на сегашната врска, но наскоро и двете страни ќе сфатите дека е најдобро да го прекинете секој можен контакт. Раковите во брак ја имаат целата поддршка од партнерот, а можеби и ќе добиете можност за нов дом или пак, за проширување на семејството.

Пари

Финансиската ситуација ви е повеќе од добра. Пружете си повеќе патувања и купувајте ситници кои ве прават среќни. Нема да штедите, но тоа не значи и дека непотребно ќе се расфрлате со пари. Кон крајот на годината ќе имате поголеми трошоци, но ќе се компензира со неочекуван прилив на пари, кој можеби ќе дојде од некој поодамнешен должник. Со ова, ќе успеете да ги покриете поголемите трошоци.

Здравје

Во текот на ладните месеци ќе бидете болежливи и ќе мора сериозно да поработите на имунитетот. Обидете се поретко да консумирате десерти и брза храна, колку и да ви паѓа тоа тешко. Правете редовни анализи на крвта, бидејќи е можна анемија во текот на пролетта. До крајот на годината посветете се на тоа да имате што повеќе физичка активност.

https://standard.mk/bliznaci-godishen-horoskop-za-2020-godina/

Слични содржини