Ѓоковиќ навести разделба со Борис Бекер

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Лидерот на светската АТП листа кај мажите Новак Ѓоковиќ не ја негираше можноста по крајот на сезоната да има нов тренер.

5111683 Во моментов тренер на Србинот е легендата Борис Бекер, со кој почна со работа во 2014 година. За овој период Ѓоковиќ освои шест од 12-те титули од Гренд слем. “Сеуште работиме заедно.

Засега планот е да одиме до крајот на сезоната – во преостанатите турнири во затворен простор.

“На прашањето дали Бекер ќе остане во неговиот штабот  и следната година, Србинот рече дека двајцата се уште не разговарале на оваа тема.

Во последниве месеци првиот  рекет кај мажите забележа доста неубедливи настапи, што овозможи на неговиот главен конкурент за лидерската позиција во ранглистата Енди Мареј да ја скрати предноста на Ѓоковиќ.