Ѓоковиќ: Ова e eден од најтешките порази во мојата кариера

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Првиот реке во светот Новак Ѓоковиќ не го криеше своето разочарување од поразот од Хуан Мартин Дел Потро во прв круг на тенискиот турнир во Рио де Жанеиро.

новак портп

Србинот отстапи пред Аргентинецот со 6-7 (4-7), 6-7 (2-7) и ја напушти неславно трката. “Дел Потро игра подобро и си ја заслужи оваа победа. Тоа е спортот. Разочаран сум од раниот пораз , но од друга страна сум радосен дека ме надигра мој добар пријател, кој во последните години се бореше со повреди и сега го враќа нивото . Нема сомнеж дека ова е еден  од најтешките порази во мојот живот. тоа не е првата, ниту мојата последна загуба, но да паднеш на Олимпијада е сосема поинакво “, изјави Ноле. Победникот во 12 турнирот од гренд слем никогаш нема освоено олимписки злато. На Игрите во Пекинг во 2008 година, тој се бореше за бронза. Дел Потро во следната рунда ќе игра со Португалецот Жоао Соуза.