Ѓоковиќ со победа стартуваше во Лондон (видео)

од desk4

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го почна последниот Мастерс  турнир за оваа сезона. Србинот синоќа го совлада Џон Изнер од САД со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

– Добро сум подготвен физички и ментално, а и распоредот на мечевите на турнирот дава можност да се одмориме меѓу два натпревара, изјави Ѓоковиќ.

На првиот натпревар во А-групата Александер Зверев (Германија) го победи Марин Чилиќ (Хрватска) во два сета на тај-брејк.

Денеска во „О2 Арена“ во Лондон на програмата се мечевите од 2.коло во Б-групата:
Кевин Андерсон – Кеи Нишикори
Роџер Федерер – Доминик Тим.

Слични содржини