Австралијката Џесика Брајен секојдневно држи часови јога, кои ги изведува без гардероба на себе, со цел да им помогне на жените да го засакаат своето тело.

Брајен (29) направила профил на Инстаграм под наслов “Nude Blogger”, на кој ги објавува фотографиите од часовите по јога.
Дисциплината ја практикува со големи групи, а покрај јога положбата на чергиче, користи и други методи како палење свети билки како жајфијата, јони јајца и кристален дилдо.

Таа вели дека сака со часовите да им помогне на жените да ја изградат својата самодоверба, па во работилниците учествуваат само жени.

„Набрзо успеваат да излезат од својата зона на комфор и да ја прошират самосвесноста. На самиот крај од работилницата многу дами велат дека потполно заборавиле дека се голи“, вели Брајен.