Голден Стејт ја загрева сезонава со чудесната победа над Портланд

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Тимот на Голден Стејт забележа победа во последната контрола од предсезонските подготовки. Во својата сала “Оракл Арена” “воини” победија со 107: 96 над Портланд Треј блејзери.

goleden

Со своите 35 поени лидерот на домаќините Стеф Кари беше најпрецизен на натпреварот, реализирани  се 8 тројки од 13 обиди. Новото ѕвездено засилување на тимот Кевин Дурант пак заврши со 28 поени, 7 скока и 6 асистенции. За гостите Демијан Лилард постигна 20 поени. Ова беше последна проверка и за двата тима пред стартот на сезоната во НБА.

Во отворено натпревар за новата кампања Голден Стејт  игра со Сан Антонио Спарс, додека Портланд ќе биде домаќин  на Јута Џез. Еве и уште резултати:

Вашингтон Визардс – Торонто 119: 82

Мајами Хит – Филаделфија 76- 110: 113

Минесота Тимбрувлс – Шарлот Хорнетс 109: 74

Сан Антонио Спарс – Хјустон 114: 99

Денвер – Далас Маверикс 101: 75

ЛА Лејкерс – Феникс Сънс 94:98.