Голем пожар во фабриката „Жито Битола“

од Milan1

Голем пожар попладнево избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола, поточно во фабриката „Жито Битола“.

„Пожарот беше пријавен во 17.25 часот и веднаш интервениравме. Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко”, изјавуваат од Територијалната против пожарна единица во Битола.

Слични содржини