Голем пожар во Санкт Петербург, го гаснат 60 пожарникари

од Stefanija Kuzmanovska

Голем пожар избувна денеска на североистокот на Санкт Петербург, во хангар со површина од 800 метри квадратни.

Пожарот избувнал во хангар на Пискаревскиот проспект во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на регионалното министерство за вонредни состојби, пренесува РИА Новости.

Како што соопштија од министерството, во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 12 возила.

Слични содржини