ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК: Чаби Алонсо седнува на клупата на германскиот великан!

од Stefanija Kuzmanovska

Прославениот шпански фудбалер Чаби Алонсо на крајот на сезоната ќе ја преземе Борусија Мехенгладбах, пренесува германскиот весник „Билд“.

Поранешниот европски и светски шампион својата тренерска кариера ја започна во вториот тим на Реал Сосиедад, кој се натпреварува во третата лига на Шпанија, а сега доби шанса која не се пропушта.

Актуелниот тренер на германскиот великан, Марко Роуз, го напушта клубот на крајот на сезоната и го презема Дортмунд, а челниците на клубот решија да му дадат шанса на Алонсо.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија добро го познава германскиот фудбал, бидејќи ги бранеше боите на Баерн Минхен од 2014 до 2017 година.

Слични содржини