Германскиот шеф на дипломатија Зигмар Габриел за Russia Today вели дека Берлин го поздравува предлогот на Москва за воспоставување мисија на Обединетите нации на истокот на Украина.

Тој истакна дека тоа би била добра почетна позиција за подоцнежните можни укинувања на санкиите кон Русија.
Според него, иницијативата која ја покрена рускиот претседател Владимир Путин е прв чекор во решавање на кризата.
„Сега нам ни треба да ги продолжиме преговорите за воспоставување примирје и одлагање на тешкото оружје. Благодарение на рускиот предлог тоа ќе можеме да го направиме“, рече Габриел.
Иако постојат недоразбирања меѓу Москва и Киев за форматот на мисијата на ОН, германскиот шеф на дипломатија вели дека тоа не би требало да биде препрека за дијалогот.
„Ги советувам сите да не го одбиваат предлогот само затоа што не е потполно нивни, туку отворено да разговараат со Русија за условите под кои мисијата ќе биде воспоставена“, додава Габриел.
Истакна дека верува дека „на крајот на краевите на Европа и треба добар однос со Русија и обратно“.