Бристол Роверс синоќа имаше шокантна забава на полувремето затоа што некако Babestation се покажа на ТВ екраните во барот во рамки на стадионот.

Роверси ги дочекаа Краули во Карабо купот и славеа победа со 2:1 со головите на Бенет и Кларк, додека за гостите погоди Коноли.
Но, содржината за возрасни на телевизија, а не резултатот беше главна тема на разговор на Меморијал стадионот.
Како и повеќето клубови, популарните Пирати имаат Sky Sport News на екраните за да се инфомираат присутните за резултатите на другите натпревари. Сепак, синоќа некој пуштил канал за возрасни. а меѓу гостите имало и деца.
When the footballs so bad they put babestation on at halftime at @Official_BRFC #utg pic.twitter.com/FuoU844rUX
— Lewis Yost (@LewisYost91) August 14, 2018
Фотографиите од гафот брзо се раширија по социјалните мрежи.
Клубот соопшти дека некој со универзален далечински управувач го сменил каналаот и дека ќе поведат истрага, а против тој што го сменил каналот ќе преземат соодветни мерки.
— Louis French (@louisfk__) August 14, 2018