166
Словенскиот тим Олимпија вчеравечер испадна од квалификациите за Лига Европа од турскиот Јени Малатјаспор.
Со гол на Адис Јаховиќ , поранешен играч на Ријека, турците победија со 3:2. На натпреварот , турскиот голман Фабиен Фернол во повеќе наврати трпеше расистички навреди пред домашната публика.
Затоа , неколкупати во текот на мечот , 34- годишниот голман се расплака како дете. По натпреварот остана во соблекувалната целиот во солзи.
Соиграчите , и покрај тоа што требаше да ја прославуваат победата , останаа со него за да го тешат , пишуваат турските медиуми. Според медиумите , ваков однос кон нивниот голман не очекувале во една европска земја.