Горан Бреговиќ пред концертот во Скопје на кој ќе го промовира неговиот албум „Три писма од Сараево“ во ексклузивното гостување во 1ТВ, зборуваше за мултикултурализмот, дали тоа во едно општество е негов хендикеп или предност, како и за актуелните предизвици токму на мултикултурните општества при секојдневното соочување со напливите на тероризмот.
„Пораката на новиот албум е можноста за хармонија меѓу трите различни вери во светот. Дали станува збор за уметничка утопија или е можна таа во реалноста? Мене ми е лесно јас сум композитор, не политичар. Во историјата се што добро се случило започнало како утопија. Работите на хармонија меѓу политичарите. Луѓето се кондиционирани машини. Во екс Југославија живеевме во хармонија и одеднаш почнавме да војуваме. Какви се перспективите на Балканот во поглед на мултикултурата. Од една страна имаме рецет за да и покажеме на Европа како сме живееле , а од друга страна, како е страшно и они доаѓаат тука да не смират.
-Балканот е граница меѓу католици, православци и муслимани. Затоа имаме страшна историја. Отоманската империја ја измисли толеранцијата на верите. Јас познавам голем дел од оние кои се прогласени за воени злосторници. Го познавам Караџиќ, да не беше војната ќе беше психијатар, вели Бреговиќ.
Доаѓате од мешано семејство, како го дефинирате вашиот идентитет?
-Идентитетот е дел од нашата култура, тоа е мешана работа. Не постои култура која не била под влијание. Така е и со нашиот идентитет. Јас сум компопзитор, вие новинар.. Децата се попаметни од нас. Кога е Бајрам се со муслиманите, а кога е Божиќ со католиците. Тогаш се делат подароци.. Мислам дека се Французи, бидејќи одеа во француски школи.
-Поедноставно е да се сака нормална земја и мило ми е што ќе бидат Французинки и нема да патат како мене за овие земји. Во Сараево сум роден, таму одев во основно и средно училиште, рече Бреговиќ.
Дали ја следевте дебатата кај нас за промена на името од Македонија во Северна Македонија?
-Тоа беше ирационален спор, добро беше што не се завојува за тоа. Ова е мало чудо. Важно е да не се војува, туку долго да се преговара. „Македонија е муликултурна како и Босна, а тука ќе го промовирате и албумот кој носи порака на толеранција. Кога испраќате ваква порака,таа не е политичка, туку човечка. Вчера гледав филм за Папата Франциск, дека сите проблеми кои ги имаме се ништо во однос на вистинскиот проблем. Во музиката е можно се. Се надевам дека еден ден светот ќе се опамети, комлицирано е да се мрази“, рече Бреговиќ кој во петок ќе има концерт во Скопје со наслов „Три писма од Сараево“, изјави во интервју за 1Тв, Горан Бреговиќ.
Инаку албумот „Три писма од Сараево“, е најпродаван „Ethno world album“ во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.
За неговите искуства од Скопје, за мултикултурата во поранешната Југославија, погледнете во видеото од разговорот на Бреговиќ со уредниците Ацо Кабранов и Борјан Јовановски.