Горештините ослободија смртоносна бактерија во Русија

од Vladimir Zorba

За еден смртен случај и барем 20 заразени од антракс објавија властите во оддалечениот Јемало-Ненецки, автономен округ на Русија.

1470199884-shutterstock-414897943
Дете на 12 години  почина во болница од смртоносната болест, позната  како “сибирски чир”. Над 90 лица се во болница со сомневања дека се заразиле при контакт со болни животни. 45 од нив се деца. Како мерка на претпазливост, властите евакуираа над 230 лица од камповите за одгледување на ирваси.Ова е прва таква епидемија од 1941 година во регионот, оддалечен на околу 2.000 километри североисточно од Москва.
Ширењето на заразата кај луѓето беше проследена од смртта на над 1500 ирваси во крајот на јули. во последниот месец поради температурите во изолираниот регион во Сибир , каде невообичаено достигнаа 35 степени целзиусови. Се претпоставува дека ова доведе до размрзнување  во длабочина на вечнозамрзнаѕата почва и ослободување на смртоносната бактерија која се наоѓала таму од последниот бум на болеставо 1941 година

Слични содржини