Ѓоргиева од ДЗС: Граѓаните ќе можат да се попишат на одредени локации во својата општина

од Берта Китинска

Од утре граѓаните кои не успеале да се попишат ќе можат тоа право да го остварат на одредни локации во нивните општини .

Јасмина Ѓоргиева од ДЗС објасни дека тоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.

– Тие граѓани ќе можат да појдат на овие локации во нивните општини и да се попишат. Овие локации, за секоја општина во државата, ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/ и за сите подетални информации граѓаните ќе можат да се обратат и на телефоните што се објавени на веб-страницата, во контакт центарот на ДЗС каде ќе ги дадеме сите потребни информации, нагласи Ѓоргиева.

Таа потсети дека пописот трае до четврток, 30 септември, а попишувачите работат интензивно на терен, од 8 до 20 часот.

-Граѓаните кои досега не биле попишани, да бидат трпеливи и да ги очекуваат  попишувачите следните денови, кажа Ѓоргиева.

Слични содржини