Гори кај полигонот Криволак, се бара помош од АРМ

од Берта Китинска

РЦУК Велес информира дека од дежурниот во ТППЕ Неготино на подрачјето на Oпштина Неготино e добиена информација за појавен пожар на полигонот Криволак.

Стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, но се смета дека најверојато пожарот се појавил во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот“, информираат од РЦУК Велес.

Оттаму додаваат дека моментално никој не интервенирал бидејќи теренот бил непристапен. Поради оваа причина, за пожарот известени се надредените во АРМ и е побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен, потенцирајќи дека пожарот е од поголем обем.

Повеќе информации се чекаат наскоро, по што дополнително ќе информираме.

Слични содржини