Град Скопје бара МВР да преземе мерки во однос на блокадите на превозниците

од Nikola Popovski

Во моментов нема застој во вршењето на јавниот превоз поради ЈСП, туку целиот застој е поради блокадата која има политички одек. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција. Во оваа насока и заштита на јавниот интерес, го повикуваме МВР да реагира согласно законските овластувања и да преземе мерки, бидејќи одреден приватен личен интерес врши штета на градот, граѓаните и сите чинители на градот Скопје, изјави попладнево генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров.

Тој порача дека на јавниот повик за градски превоз е ист како и претходниот повик, врз основа на која беа ангажирани претходните чинители.

-Има голем интерес од заинтересирани лица. Тој е отворен и ги нудиме сите опции, нема ограничувања. Сакаме да овозможиме секој кој што чесно работи, да врши дејност согласно правила и закон, рече Глигоров.

Генсекот на Градот не сакаше да даде одговор на новинарски прашања.

Слични содржини