Град Скопје почна со санирање на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници

од Vladimir Zorba

Град Скопје во соработка со јавното претпријатие „Улици и патишта“ од почетокот на годината започна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Градот.

-Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму информираат дека го реконструираат натпатникот на булеварот „Александар Македонски“ за прв пат откако е изграден, во чија близина се наоѓаат основно училиште и други објекти, при што е реализирано барањето на граѓаните кои го користат овој пешачки мост.

Слични содржини