Градоначалникот на Белград најави споменик на Дража Михаиловиќ и релокација на гробот на Тито

од Milan1
34 прегледи

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска најави дека ќе поднесе иницијатива за подигање на споменик на Дража Михаиловиќ и релокација на гробот на Јосип Броз Тито во Кумровец.

-Мислам дека конечно треба да има негов споменик во Белград, на достоинствено место во центарот на градот. Мојот предлог ќе биде паркот Теразије. Очекувам дека ќе ја добиеме поддршката од опозицијата“, изјави Шапиќ.

Во 2023 година беше отворен приватен музеј во кој беше подигнат споменикот на Дража Михаловиќ и покрај бројните критики од антифашистичките здруженија.

Шапиќ изјави дека треба да бидат преместени и спомениците на неколку партизански борци во центарот на градот, но нагласи и дека тоа нема никаква врска со комунизмот туку дека тие споменици често се мета на вандализам од десничарски групи.

Лидерот на социјалистичката партија на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека партијата нема да го подржи предлогот.

Градоначалиникот на Белград Александар Шапиќ во Април побара да музејеот Југославија биде преименуван во Музеј на Српската историја, а гробот на Јосип Броз Тито биде вратен во Кумровец неговиот роден град.

Слични содржини