Романски протест на плоштадот Викторија.

Под притисок на десно-центристичката опозиција градоначалничката на романската престолнина Габриела Фира беше принудена да ја поништи одлуката за организирање на Божиќниот панаѓур на плоштадот “Викторија”, каде што вообичаено се одржуваат антивладините демонстрации.
Како што соопшти агенција Аџерпрес, неколку десетици демонстранти се судрија со полицијат , каде романските власти подготвуваа отворањето на божиќната чаршија. Манифестантитесе обидоа да ја минат блокадата , но беа запрени од припадници на жандармеријата. Според нивниот претставник на плоштадот имало само 20-30 демонстранти со знамиња и звучници.
Опозицијата веќе ја обвини градоначалничката која е од владејачката Социјалдемократска партија дека со таа одлуката се стреми да се блокираат протестите на плоштадот, каде се наоѓа Министерскиот совет. Самиот премиер Михаи Тудосе кој е сопартиец на Габриела Фира, исто не ја одобри одлуката – тој рече дека избраното место за Базар “не е најдобра идеја”.
Во резултатот Фира најави дека по инцидентот ќе се премести Базарот на друго место, но предупреди дека општината ќе поведе постапка против лицата кои го оштетиле општинскот имот и го прекршиле спроведувањето на законската манифестација.
Локално.мк потсетува дека последните два месеца од плоштадот виделе масовни протести против обидите на владата да ги олесни судбините на осудените или осомничените корумпирани лица од политичкиот естабличмент на Романија. /ТАСС