Сензација предизвика изјавата на градоначалникот на Солун Јанис Бутарис во обраќањето за време на средбата на поранешните министри во владите на ПАСОК, Ана Диамандопулу, Јорго Флорида и Анис Рагусис, со цел создадавање “силен прогресивен центар”.

Градоначалникот на Солун изјави : “Јас се срамам дека сум Грк, бидејќи кога јас одам во странство ме гледаат како лепрозен.”
Тој додава дека ПАСОК има направено многу во земјата и дека политичкиот систем во моментов е како турли тава . “Ајде да се бориме за нова Грција. Без мешања и сваштарии. Ние треба да ја заборавиме старата и да изгради нова Грција !. Сеуште сме млади. “- Изјави пред јавноста веќе над 70-годишниот контроверзен градоначалник на Солун.