Градоначалникот на Велес: Нема опасност од Ковид-19, спорниот маркет може да почне со работа

од Берта Китинска

Задоволен сум како се одвиваат работите во Велес. Конечната одлука на Државниот здравствен инспекторат е дека „спорниот“ маркет може да работи. Односно нема опасност од Ковид-19, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој истакна дека мерките ќе ги дадат очекуваните резултати.

-Кога се во прашање училиштата и градинките, сметам дека што побрзо треба да се враќа животот во нормала. Мерките што сега се спроведуваат ќе ги дадат посакуваните резултати, вели Коцевски.

 

Слични содржини