Граѓанинот во акција-формирана фејсбук група „Пријави депонија“!

од desk4
305 прегледи

 

Како да се победи метафората  „ мртво слово на хартија”, а притоа  да сe  смени нешто и во општеството и заедницата. Како да се дејствува намикро план  во својата социјална група во својата општина  и она клучното како да изврши сериозен  пристисок врз  граѓанинот и врз локалната власт за да се дојде до резултат – почиста животна средина?!

Секако тоа се дилемите на оние кои се стреамат кон современото живеење. Но 0оговорите  на овие  круцијални прашања мора да се бараат во најблиското опкружување , затоа што во секој од нас можеби се крие и причината и последицата. За чекор напред  „ не делат мали нешта: акција, одговорност и комуникација. Овој исчкор ние го започнуваме со чистење нашата животна средина, со алармирање и спречување на неконтролоирано фрлање смет

Во тој правец  заради вклученост на сите , заднички ќе  ги движиме  работите на социјалната група, на ФЕЈСБУК!

Ќе ги таргетираме  проблемите, ќе ги собираме информациите од граѓаните за местата каде што има диви депонии, смет или ѓубре и при тоа тие податоци ќе ги доставуваме  до локалната самоуправа, лично до градоначалникот. И она клучното  ќе бараме континуирани резултати.

Влијанието на социјалните групи денес е од исклучително голема важност, бидејќи тие можат да извршат сериозен притисок врз локалните структури, кои потоа навремено ќе реагираат и ќе го решаваат проблемот со лоцираната дива депонија. Групата ќе ги собира луѓето околу заедничките интереси или идеи.

Тие ќе можат, отворено да објавуваат мислења (текст, слика, линк , видео клип) и да ги коментираат ситуациите на теренот во оптшините Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром, но и во останатите општини од Скопскиот плански регион.

 

Постојана вклученост на сите фактори на заедницата

Стана практика секоја  пролет, општинските власти  да започнуваат со подготовка за пролетните акции за расчистување на сметот и депониите кои за жал ги има во сите населби. ТАква една имавме на иницијатива на амбасадорите во МАкеоднија, потоа  истата ја прифатија и градоначалниците и на крајот  се поставува прашањето дали повремените пролетни акции, макар да ги прават и општинските власти , се доволни за подигнување  на свеста на граѓаните за нивно активно учество во решавањето и во справувањето со дивите депонии.

Потребна е постојана вклученост на сите фактори на заедницата. Во секој момент на територијата на Градот Скопје никнуваат нови депонии кои се резултат на несовесното однесување на поединци, граѓани или групи, кои континуирано фрлаат ѓубре и така прават дива депонија. Ако малку повеќе се истражува  на социјалите медиуми не може да се забележи дека постојат малку активна група или страница кои  конкретно се занимава со проблемот на дивите депонии и на која граѓаните можат да споделуваат информации  од ваков вид на појави (депонии, отпад, смет).

Недостасуваат и официјални информации

Во овој момент трите скопски општини Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром немаат одредени показатели или бројки на пристигнати информации , реакции од граѓани кои преку социјалните мрежи или официјалните веб страници и маилови   комуницирале и  давале информации за диви депонии во нивните места.

Ако се посетат профилите на општините, во последните три месеци има штури инфорации за посочени места или коментари на веќе изведени акции за чистење.  На пример, Општина Ѓорче Петров нема официјален фејбук профил, туку Ве упатува на профилот на градоначалникот

Таму, меѓу многуте други  информации ако добро пребарувате ќе го пронајдете проблемот со депонијата на патот кон с.Орман, а која била исчистена на 5 февруари 2018 година, и само толку.

 

 Општина Ѓорче Петров 

„На фејсбук страната каде се објавуваат активностите на градоначалникот Александар Наумоски пристигнуваат коментари, сугестии, предлози и идеи од граѓаните кои будно ги следиме. Проблемите веднаш ги пријавуваме до службите и во рамки на можностите, во најбрзо време, постапуваме по истите. Отворена е можноста граѓаните да пријавуваат проблеми во сите сфери што ги засегаат, вклучувајќи и помали или поголеми депонии. Веќе во неколку наврати сме постапиле на таков начин, односно веднаш штом градоначалникот ќе добие коментар или порака во електронското сандаче на профилот, истата се пренесува, службата излегува на терен и ја расчистува депонијата„ се наведува во одговорот на локалната самоуправа.

 

 Општина Карпош  

„Граѓаните постојано комуницираат на профилите на социјалните мрежи, како и на службениот општински мејл.  Во зависност од ситуацијата и состојбата на терен, граѓаните ги пријавуваат сите  свои  проблеми, па така и проблемите околу хигиената, т.е  за создадените  малите депонии. Пред извесно време, по барање на граѓаните на социјалната мрежа Фејсбук  на Општина Карпош, комуналните служби, го исчистија дворното место на спортската сала „Партизан“, во населбата  Карпош 3, Т.Ц „Антико“ во Карпош 4,  Момин Поток, каналот помеѓу населбите Трнодол и Жданец, како и други критични локации низ Општината„се почува во одговрот од Општина Карпош.

Како се одвива комуникацијата на општина Карпош со граѓаните преку социјалните медиуми е дадено во следниот пример:

March 16 at 8:39am · 

ИСЧИСТЕНА МИНИ ДЕПОНИЈА НА УЛ. КЛЕНОЕЦ
Денеска, комуналните служби на Општина Карпош, исчистија мини депонија на ул.Кленоец, во урбаната заедница „Влае 2“. Извесен период, на оваа улица, повеќе пати службите на Општина Карпош го чистат отпадот по пријава на наши сограѓани, но несовесни лица, повторно оставаат смет и ѓубре, загадувајќи ја животната средина и околина“.

 

 Општина Аеродром  

„Општина Аеродром во ноември 2017 година изработи план за расчистување на сите 62 диви депонии на својата територија. Од нив 24 беа опфатени во рамките на есенската еко-акција, реализирана во соработка со Град Скопје.

Преку социјалните мрежи и преку официјалните линкови на Општината граѓаните пријавуваат и дополнителни локации, на кои е потребна интервенција. Притоа, се реагира и расчистува во зависност од локацијата и обемот на депонијата и во согласност со динамиката на работа на комуналните служби„.

Град Скопје

Последната акција на Град Скопје е упатена до граѓаните да споделуваат информации на вибер број или во порака на официјалната фејсбук страна на Градот. Досега пристигнале над 150 вакви пријави но, она што можеме да го забележиме е тоа дека со оваа акција граѓаните немаат можност јавно да постираат фотографии на интернет и на фејсбук страната на Град Скопје со што сите би биле сведоци за лоцираните диви депонии, како и за работата на општинските служби по однос на истите (дали навремено е излезено на терен и дали овие невралгичини места се исчистени или не).

Како што и наведовме, всушност досега и не постои силна и препознатлива група која преку социјалните медиуми ќе има зацртана цел – борба против ширењето на дивите депонии. Постојат различни групи на социјалните медиуми кои можеби се поврзани со заштитата на животната средина, но тоа го прават од поширок апсект и тие им даваат можност на граѓаните единствено да споделуваат информации . Она што е суштински во најголем број на случаи тие информации не стигнуваат до надлежните институции и поради тоа немаат никаков ефект (освен коментари и осуда на несовесните граѓани).

А ќе се согласите битно е  дали и кога реагирате општинарите, како и дали работат инспекторите, колку и каква е соработката со полицијата и колку и како се санкционирани несовесните граѓани и правни лица. Токму поради тоа произлегува  потребата да се креира специјализирана група која преку социјалните мрежи ќе се занимава со лоцирањето на дивите депонии и јавно алармираат и ќе ги споделуваа информации за нивното појавување.   Наша цел е  на оваа група да мобилизираме  ефикасно справување со проблемот дивите депонии, во која подедндакво ќе учествуваат и граќаните  и невладините граѓански организации  и инстуциите .

Токму затоа, во рамките на Проектот „Улогата на граѓанинот како директен учесник во подигнувањето на еколошката свест и заштитата на животната средина ја  формираме отворената фејсбук група: Пријави депонија!

Граѓаните преку Фејсбук групата ќе имаат можност да постираат фотографии за лоцираните диви депонии, кои од страна Македонскиот центар за одржлив развој и конкурентност Скопје во вид на формална претставка ќе бидат веднаш доставувани до општинските власти, со цел нивно навремено и ефикасно чистење. На овој начин ќе се застапуваат интересите на граѓаните во борбата за справување со дивите депонии. Со поднесувањето на официјални претставки до општинските власт, ќе се остава трага зад себе и видлив придонес (импакт) во лоцирањето и спречувањето на ширењето на дивите депонии. Претставките, како и реакцијата/делувањето на општинските власти во однос на лоцираниот проблем односно (дали депонијата е исчистена или не) ќе бидат јавно споделени на групата и пред пошироката јавност.

Пријави депонија! 

 

Преку ваква група на социјалните медиуми ќе се воспостави механизам на соработка помеѓу граѓанските организации и општинските власти и заедничко делување кое од интерес на сите чинители на општествената заедница.

 

Оваа група најпрво во рамките на проектот ќе се дејствува врз работата на општините Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром, но целта е понатаму да се прошири и на останатите општини на територијата на Скопскиот плански регион. Ова е нашиот прв чекор сега вие кликнете тука

Автори: Кокан Стојчев & Lokalno.mk 

Слични содржини