Парламентот на Грција ја одобри денеска новата програма за штедење, пренесува БТА.

грција4

За поддршка на пакетот гласаа 153 пратеници од владејачката коалиција, против беа 137 пратеници, а 10 воздржани.

Двајца пратеници од таборот на владејачката коалиција гласаа во спротивност со ставот на нивните партии и беа исклучени од своите парламентарни групи. Едниот од СИРИЗА, а другиот – од „Независни Грци”.

Резултатот од гласањето го остава премиерот Алексис Ципрас со едвај 153 пратеници во 300-члениот парламент, два месеци по изборната победа.

Програмата за штедење беше побарана од кредиторите од еврозоната во замена за доделување на 12 милијарди евра на Грција.

Слични содржини