Грешки кои најчесто ги правиме кога станува збор за витамините

од Stefanija Kuzmanovska

Витаминските суплементи се едни од најпродаваните фармацевтски производи и сосема нормално е да имаат и лојални корисници, но и такви кои се против нивно користење.

Од различни гледни точки, и двете групи се во право, но само делумно, односно и двете групи прават одредени грешки во однос на витамините.

Еве кои се тие:

Земате витамини само кога сте болни

Дури и кога не ја примаат доволната доза на витамини вообичаено, луѓето имаат навика да земаат и повеќе отколку што треба кога се разболуваат. Дневното користење на витамини ќе ви помогне тие разболувања да станат поретки.

Не земате витамини воопшто

На вашето тело му се потребни сите нутритивни состојки за правилно да функционира. Витаминот А помага во одржување на нервните клетки, витаминот Д ви е потребен за да го процесира калциумот, витаминот Е за да се бори против слободните радикали… Консултирајте се со својот лекар за кои витамини имате потреба да ги земате дополнително.

Мислите дека витамините се (зло)дело на фармацевтската индустрија

Со оглед на масовното производство, имате целосно право да го мислите ова. Затоа и треба со резерва да ги прифаќате рекламите, и да користите додатоци во исхраната кои се одобрени од фондовите за здравство и лекови во вашата држава.

Мислите дека сите витамини се исти

Ако добро прочитате на самото пакување, ќе забележите разлика во активните состојки на додатоците во исхраната. Исто така, голема улога игра дали витаминот е фармацевтски синтетизиран или е издвоен од некој природен продукт.

Слични содржини