„Грешниот“ град во кој работат 27.000 проститутки

од desk2
116 прегледи

 

Земјата која го восхитува секој жител на планетата Земја успеа да стане синоним за „продавачките на љубов“ и главна дестинација за секс-туризам во светот.

Добродојдовте во Тајланд.

Дури 27.000 девојки се занимаваат со давање сексуални услуги во овој град, а само 40 отсто од нив се полнолетни. Најголем парадокс е што постојат само неколку бордели во градот и дека само неколку стотитни девојки се легално вработени.

Сепак во градот постојат десетици салони за масажи кои ралично го толкуваат поимот за опуштање, па нудат и еротски масажи.

Најголем број малолетни девојки муштериите ги наоѓаат на улица облекувајќи предизвикувачки облеки и нудејќи сексуални услуги за малку пари.

Иако полицијата спроведува секојдневни контроли, ни малку не им ја олеснува работата фактот што повеќето девојки имаат фалсификат документи.

Додека нешто не се промени Патаја останува дестинација на педофили со меѓународен консензус дека мора што побрзо да се поработи на запирање на сексуалната експлоатација.