Грковска не била дел од Управувачкиот комитет, ниту учествувала во преговорите со „Бехтел и Енка“

од Nikola Popovski

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска изјави дека не учествувала во Управувачкиот комитет, ниту во преговорите со „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

-Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту бев во државата кога договорот се разгледуваше на седница на Влада, рече Грковска како одговор на новинарско прашање.

Заменичката на премиерот беше прашана зошто доколку била запознаена со содржината на Договорот со американско-турскиот конзорциум не ја предупредиила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.

Слични содржини