Груби: Мицкоски се сретна со претставници на „Бехтел и Енка“ и даде поддршка за проектот

од Nikola Popovski

За да имаме целосна и сеопфатна приказна, јас се сретнав во неколку наврати со претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски. Тој исто така се сретна и со претставници на Бехтел и Енка. Јас исто така се сретнав и со Мисајловски и Николовски во врска со Специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и додадоа дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија, но никогаш не ги доставија. Г. Мицкоски даде поддршка за Специјалниот Закон со самиот факт што овозможи кворум и не гласаше против, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој учествуваше на месечниот брифинг “Bechtel Enka” можност, предизвик и одговорност.

Исто така откако се формираше Комитетот, Груби вели дека се сретнал повторно и му понудил да бидат дел од преговорите.

-При што рече терајте си вие работата, ваш проект е, доволно дадовме поддршка, потпишете го и да одиме на предвремени избори, истакна вицепремиерот.

Истовремено, додава Груби, не познавам политичар на свет кој што ќе си дозволи да се впушти во коруптивни дејствија со компании како Бехтел и Енка или пак со САД.

-Ние сме посветени ова да биде најчистиот, нај достоинствениот проект во земјата и најодговорно трвдам дека хајката против е само за дневна политика и за партиски калкулации и нема друг мотив.

Слушаме секојдневно и се потсеќа ме како изгледаше заробена држава. ВМРО одлучува кој ќе се истражува, кој ќе се обвинува, кој ќе се суди и пресудува и на крај апси и затвара луѓе. ВМРО е и медиум, и новинар, и експерт, и истражител, и полицаец, и обвинител, и суд.

Драги мои, фрлија една милијарда на стиропор и споменици. Ние со една милијарда градиме автопатишта со Американски компании. Е има разлика, навистина има разлика, кажа Груби во своето обраќање.

Слични содржини