Груби од Приштина: Македонската и косовската влада ќе одржат заедничка седница

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Приштина оствари работна средба со заменик-претседателката на Владата на Република Косово, г-ѓа. Албулена Балај-Халимај.

„Владата на Република Северна Македонија и Владата на Косово ќе одржат заедничка седница во скоро време, бидејќи двете земји имаат многу прашања за разговор и многу договори да потпишат за доброто на граѓаните“, соопшти Груби.

Според него, тој на оваа тема денес разговарал со Балај-Халимај, како и за важноста на гасификацијата, поточно интерконекцијата на Република Косово, процес што треба да се направи преку С. Македонија.

„На г-ѓа. Балај-Халимај и го повторив мојот став, дека до крајот на 4-годишниот мандат на владата, граѓаните на двете земји ќе имаат можност да стигнат од Скопје до Приштина и обратно за 40 минути, спомнувајќи го овде и воспоставување на една контролна точка на границите меѓу Република Северна Македонија и Република Косово“, изјавил Груби.

На крајот на оваа средба, Груби и Балај-Халимај разговарале и за соработката во областа на туризмот, особено за ски центарот Попова Шапка во Македонија и Брезовица во Косово, каде преку јавно приватно партнерство и европски фондови можно е да се изгради центар на заеднички туризам што ќе биде најатрактивниот во Југоисточна Европа.

Слични содржини