Груби: Уставните измени се технички, не задираат воопшто во македонскиот идентитет

од Stefanija Kuzmanovska

Изборите не се решение. Единствено решение кое што е добро за вас, за нас, за сите граѓани, за цела наша држава, за цел наш регион е да пристапиме кон уставните измени и да ги поддржиме консензуално, изјави денеска во Гостивар првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

„Се виде дека уставните измени се технички, дека не задираат воопшто во македонскиот идентитет, дека не задираат воопшто во македонскиот јазик и дека од уставните измени нема да види никој ништо лошо“, рече Груби.

Тој додаде дека в петок ќе се отвори дебатата за уставните измени и кажа дека работат и со ВМРО-ДПМНЕ и со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за да, како што посочи, и „тие станат дел од градењето на иднината за нашите граѓани“.

Слични содржини