Груби: Верувам дека имаме дво-третинско мнозинство за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski
361 прегледи

Комисијата за европски прашања ја заврши дводневната расправа на чиј дневен ред беа Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители. Претседателот на комисијата и пратеник од ДУИ, Артан Груби, кажа дека не бил прифатен ниту еден амандман, по што тој оди на пленарна седница, каде треба да добие 2/3 мнозинство, односно најмлаку 80 гласови од пратениците.

„Комисијата за европски прашања во рекордно време ја заврши расправата без прифатен ниту еден амандман. Сега двата закони се во рацете на претседателот на Собранието, кој откако ќе потврди дека имаме дво-третинско мнзоинство, кое верувам дека го имаме, ќе се стави на гласање. Имаме и други Закони кои се надевам дека ќе бидат изгласани“, рече Груби по завршување на седницата.

Пратеникот смета дека веќе имаат дво-третинско мнозинство, ако се земе предвид како се одвивала дебатата. Тој додаде дека се надева дека законите кои ќе ги донесат до распуштање на Собранието ќе бидат доволни земјата да отпочне преговори за членство во Европската Унија.

Груби додаде дека во законското решение е инкорпориран Законот за јазици, како и бадентер во изборот за обвинител за организиран криминал и корупција, а со тоа се вметнати еднаква службена употреба на албанскиот јазик во постапките и во Советот на јавни обвинители, со што според него, се обезбедува правична застапеност и во Обвинителството.

Во врска со амандманот на пратеникот Панчо Минов, Груби посочи дека не бил доставен навремено, бидејќи тој задоцнил со носењето и не бил архивиран во службите.

А.Т.

 

Слични содржини