Поранешниот премиер Никола Груевски е осомничен дека го нарачал и организирал упадот во Собранието на 27 април со повикување на протести преку медиуми. Гриуевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во тој период ја ставил целата партиска структура во улога на организирање и упад во Собранието.

Обвинителката, Вилма Рускоска, денеска одби осомничените да ги ословува со име и презиме, и почитувајќи презумпција на невиност ги употребуваше нивните иницијали.
-Во наредбата за истрага пишува дека осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија, ги повикал преку медиуми граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура. Дел од пораките се обезбедени, а за дел се уште се работи, нагласи Рускоска.
Таа појасни дека целата партиска структура била впрегната во организација на крвавиот четврток.
-Цело време имало координиација меѓу нив – преку градските, месните и општинските комитети и изборни единици каде се давале насоки и повици, изјави обвинителката.