
Обезбедувањето кое што го следи Никола ме праша „нели е срамота вака кога е со децата?“ – добија одговор кој верувам ви го пренеле, но еве и јавно ќе ви кажам (‘ви’-то се однесува на дистанца од секаков вид, не на почит).
Не е срамота, воопшто. Требаше да биде срамота кога го апсеа монструозно Кежаровски пред малолетно дете. Требаше да биде срамота кога ги влечеа и тепaа пратениците во Собрание, а нивните деца гледаа преку екраните. Срамота беше кога малолетната ќерка на лидерот на опозицијата беше сексуализирана во социјалните мрежи од педофили и ваши членови. Срамота беше кога нас крвнички нè млатеа на протести. Срамота е после сите гадости и криминали да си давате за право да шетате меѓу граѓаните како ништо да не било. Најсрамота е што се обидувате да се вадите на децата кога ве потсетуваме каде припаѓате и да ги злоупотребувате за ваша маркетиншка пропаганда. Срамота е што млади луѓе се плашат кога вие ќе се појавите, да не завршат како Мартин Нешкоски.
Срамота е што после сè, законите на оваа држава ве поштедуваат. Но ние сме тука секогаш кога ќе ве сретнеме да ве потсетиме на тоа.
Градот е наш, паркот е наш, слободата е наша и должноста да ви пееме дека вие не припаѓате тука, туку во некое затворено општество – зад решетки.
Извор: Фејсбук профилот на Луми Бекири
Слика: Александар Дојранлиев