
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дефинитивно ги отвори картите. Го извлече еден од последните асови од ракавите, ја вмеша партијата и членовите во војната со дипломатите акредитирани во Македонија. Особено му смета американскиот амбасадор Бејли, кој цело време посредуваше во финализирањето на предвремените парламентарни избори, кои според сите оценки значи почеток на падот на Грувески.
За време на работата на ДИК, во врска со приговорите на СДСМ, во однос на гласањето на предвремените парламентарни извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги критизираше потезите на дипломатите, но не го криеше ниту гневот кон амбасадорот на САД Џејмс Бејли.
Проглас на ВМРО-ДПМНЕ
1.ДИК донсе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија, имаме инфомација за вмешување на странски претставници кај некои членови на ДИК за изборен инженеринг. Некои членови на ДИК не се независни. Нивните одлуки ќе ги анализира Управниот суд. Доколку и Управниот суд под притисок ја фалсификуфикува волјата на народот, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето!
2 .Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амабсадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешните работи на земјата. Тоа мора да запре. Некои амбасадори мора да престанат да го прават тоа. Бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати. ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на средби во кои учествуваат странски претсавници или амбасадори.
3. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифаќа нестандардни решенија ако ги нема во другите земји од ЕУ
4. ВМРО нема да дозволи кантонизација или редефинирање на државата.
4.Ќе се бориме за десороизација на РМ и јакнење на независен граѓански сектор.
Како финале пред финалето од исходот од целокупниот изборен процес беше транспаренот Бејли тргни го рацете од Македонија
Членови на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираа пред Државната изборна комисија порачаа: “Бејли, тргни ги рацете од Македонија“-јави А1он.

Тие што го држеа платното воочливо беае скриени зад него за да не им се видат лицата.
Пред ДИК имаше и платно против Сорос, но и “Доналд, ние те сакаме“.
Политичкиот циркус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески допрва ќе има многу по конкретни напади кон одредени дипломати, кои се загрижени за демократијата во Република Македонија