Лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ според извори од аеродромот Александар Велики утрово заминал со сопругата децата и мајка му на одмор во Анталија, јави Либертас.

Истиот извор тврди дека возилото во кое било семејството Груевски директно влегло на пистата со вооружено обезбедување ивозило до самите склаи на авионот, сло лет за Анталија.
Од партијата на екс премиерот. нема потврда за оваа вест но Либертас подочива дека Груевски и пред две години бил гостин на турскиот претседател Ердоган во Бодрум. Овој пат според непотврдените инфомации тој отишол да летува во Анталија. Владата на Р.М минатата недела му даде подршка на Турскиот претседател кој по неуспешниот воен пуч се пресметува со илјадници граѓани за кои смета дека не му се лојални.
Меѓународната заедница ги осуди апсењата и тортурата која ја прави Ердоган кон оние за кој тој смета дека не му се лојални. ВМРО ДПМНЕ по објавувањето на веста излезе со соопштение во кое потврди дека Груевски ќе летува во Турција во „приватна режија и аранжман“.
фото: Архива