Груевски вечерва во тајна посета кај Иванов

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски според информации на А1он вечерва бил виден како влегува во претседателскиот кабинет на Ѓорге Иванов. Со него бил и Кирил Божиновски.

gruevski-ivanov

Посетата на Груевски вечерва доаѓа токму во моментот кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев собра 67 потписи и Иванов мора да му го даде мандатот. Иако претходно Ѓорге Иванов бараше исполнување на два услови за добивање на мандатот, по многуте критики дека тој не може да поставува услови надвор од неговите надлежности, од кабинетот се повлекоа дека не се работи за услови туку за препораки.

 Иако нема официјална информација, Иванов се очекува мандатот да му го предаде на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој веќе е избран за мандатар од страна на неговата партија.

Иванов кој стигна на претседателската функција преку гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше предупреден од еврокомесарот Јоханес Хан дека мандатот мора да му го даде на Зоран Заев кој обезбеди мнозинство во парламентот. Груевски не ја прифаќа новата реалност и се повикува на волјата на народот, иако поради разлика од само сто гласа тој доби два мандати повеќе.

loading...

Слични содржини