Со речиси идентична изјава денеска излезе и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговорност мора да понесат сите инволвирани – изјави портпаролот Костадинов.

Тој посочи дека владејачката СДСМ ги охрабрува надлежните институции да продолжат со длабинска и независна истрага за случајот „Рекет“.

Од опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ  првин го нападна премиеорт Зоран Заев дека тој гарантирал за изборот на Катица Јанева и дека тој стоел зад неа, а по нивната логика и зад криминалот на Јанева и демек тоа  била само една алка.

Изгледа опозициониерите во обидите да го минимизираат апсењето, дека не значи ништо, и кое не го очекуваа,  заборавија и дека нивниот лидер Никола Груевски, сега бегалец и осуденик,во тоа време исто застана зад Катица Јанева.

Потсетуваме на изјавата на Груевски, за која денеска не потсетија од опозицисксата ВМРО ДПМНЕ, во која и тој ја даде целосната поддршка:

Инаку специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска беше приведена  по налог на Обвинителството за организиран криминал, кое ја терети за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Обвинителството побара притвор за Катица Јанева, за што попладнево ќе одлучува судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд.Сослушувањето е во тек.