Група граѓани бараат од ОЈО да се испита улогата на Милошоски во крвавиот упад на 27 април

од Берта Китинска

Група граѓани бараат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,
Антонијо Милошоски за време на упадот во Собранието на 27 април. Во барањето адресирано до Обвинителството со кое раководи обвинителката Вилма Русковска, пишува дека иако има пресуди за овој предмет, не се опфатени сите лица кои биле инволвирани, пренесува „А1он“.

„Имајќи ја во предвид изјавата дадена од страна на пратеникот Крсто Мускоски, кој јавно посочува дека сега пријавеното лице Антонијо Милошоски од Скопје, насобраната толпа од граѓани ја упатувал да изврши ликвидација на Зоран Заев, може да се заклучи дека Милошоски јасно посочувал кој треба да биде ликвидиран, односно која е целта за влегувањето во Собранието“, пишува во претставката до која дојде „А1он“.

 

 

Слични содржини