Гутереш: Мора да се избегне ескалација по експлозијата во Полска

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска апелираше да се избегне ескалација во Украина по ракетната експлозија во Полска, во која загинаа две лица, соопшти неговиот кабинет.

„Генералниот секретар е многу загрижен поради извештаите за ракетата која експлодира на полска територија. Апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на војната во Украина“, изјави Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН.

„Генералниот секретар се надева дека ќе биде спроведена детална истрага“, додава Хак.

Слични содржини